Connect with us

Фудбал

Роналдо на трибините виде „двојник“ и се пошегува со Брозовиќ, не можеше да ја сокрие насмевката (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал-Наср во петокот одиграа домашен натпревар против Ал-Етифак, а една сцена од загревањето стана хит на социјалните мрежи.

Имено, додека се подготвувал за натпреварот, Кристијано Роналдо на трибините покрај теренот видел човек кој неодоливо личи на него, а носел и дрес со презимето на Португалецот.

Навивачот му мавна на Роналдо и се обиде да го привлече неговото внимание, што и успеа. Португалецот прво беше многу сериозен и само накратко гестикулираше кон навивачот, но потоа не можеше да ја сокрие насмевката.