Фудбал
Роналдо одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, ќе заработува по половина милион евра дневно
Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср до јуни 2026 година по шпекулациите за тоа каде ќе игра следната сезона, објави португалскиот весник Абола, повикувајќи се на саудиски извори.
🚨💣 Cristiano Ronaldo will reportedly renew his contract with Al-Nassr until June 2026 and earn an annual salary of €200M.
🗞️ @abolapt pic.twitter.com/Gb4LwngIVL
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) January 13, 2025
Актуелниот договор на Роналдо со Ал-Наср истекува на крајот на сезоната, а според новиот договор тој ќе продолжи да добива 200 милиони евра годишно или 16,67 милиони месечно, 3,88 милиони неделно и 555.555 евра дневно. Таа сума може да се зголеми во зависност од бонусите за потпишување и комерцијалните приходи поврзани со авторските права.
Саудискиот весник „Ал Кабара“ објави дека Ал-Наср ветил дека ќе го направи тимот поконкурентен, со оглед на тоа што моментално заостануваат девет бода зад лидерот во саудиската лига Ал Итихад. Роналдо оваа сезона игра исклучително добро, постигнувајќи 17 гола и три асистенции на 20 натпревари, а од доаѓањето во Ал-Наср на 90 натпревари постигна вкупно 81 гол.