Рудигер ја доби казната за дивјачкото однесување на дуелот со Барса, нема да игра и следната сезона!

Фото: tv21m
Антонио Ридигер од Реал Мадрид доби суспензија од шест натпревари поради дивјачкото однесување во Ел Класико. Германецот беше исклучен во 120-тата минута од продолжението во финалето на Купот на кралот откако фрли мраз кон судијата додека беше во техничката зона.
На ова му претходеше ситуација каде што не беше досуден фаул врз Винисиус, што играчите на Реал Мадрид веруваа дека е прекршок. Соиграчите и тренерите едвај го спречија физичкиот напад Ридигер, а со оглед на тоа дека е суспендиран на шест натпревари, нема да може да игра до крајот на оваа сезона плус првиот натпревар од следната сезона.
Германецот знаеше дека ќе добие строга казна и нема да игра до крајот на сезоната, па затоа вчера отиде на операција за делумно скинување на надворешниот менискус на левата нога за да биде подготвен за следната сезона. Според првичните прогнози, германскиот репрезентативец во најдобар случај би можел да игра во втората фаза од Светското клупско првенство, кое започнува кон средината на јуни и трае до средината на јули.



