SportM
Фудбал

„Сè беше многу чудно“, Жозе Мурињо не се воздржа по поразот во дербито

SPORTM.mk21 сеп 2026
„Сè беше многу чудно“, Жозе Мурињо не се воздржа по поразот во дербито

Жозе Мурињо нема никаква критика за своите играчи по поразот 2-1 во дербито против Атлетико Мадрид, но целото незадоволство на Португалецот е насочено кон главниот судија на натпреварот, Мигел Анхел Ортиз.

“Што се однесува до потешкотиите што ги имавме во ситуацијата ‘единаесет против десет’, можеме да замислиме како би било 50 минути игра ‘единаесет против девет’; затоа, ми останува само да ги прегрнам моите играчи, кои дадоа сè. Игравме прво полувреме со висока класа и карактер, што лесно можевме да го добиеме во второто полувреме”, изјави првично Мурињо.

“Покрај навивачите на Атлетико, и Комитетот треба да биде задоволен со назначувањето на судијата. Сè беше многу чудно. Прво, тие знаеја кој ќе биде судијата една недела пред натпреварот, додека тоа треба да се знае 24 часа пред. Во овој случај, беше една недела порано.

Судијата има 41 година, не е меѓународен судија и не е некој голем судија. Сиромавиот дојде тука и не можеше да се справи со притисокот; притисок што те потсетува на осумдесеттите години, нешто што ретко го гледаш денес”, додаде Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.