SportM
Тајм аут

Сабаленка проба хот-дог од 100 долари, нејзината реакција кажува се! (ВИДЕО)

E R26 мар 2026
Сабаленка проба хот-дог од 100 долари, нејзината реакција кажува се! (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во полуфиналето на WTA 1.000 турнирот во Мајами, а во Флорида имаше чест и да проба луксузен хот-дог вреден дури 100 долари.

Станува збор за необичен специјалитет наречен „Златен Глиззи“ (Golden Glizzy), кој вклучува австралиско ваѓу говедско месо, цела конзерва кавијар Golden Goat и јадливи листови од злато.

По натпреварот, член на медиумскиот тим на WTA ѝ пријде на Сабаленка за да сними материјал за социјалните мрежи и ѝ го подари хот-догот, а таа не го криеше своето воодушевување.

„О Боже, многу ви благодарам. О Боже. Добро, веднаш ќе пробам“, рече таа возбудено, а откако го згризна, Белорусинката додаде:
„Толку е убаво, луѓе. О Боже. И толку сум гладна, ова е за мојот опоравок. Благодарам!“

За споредба, просечната цена на хот-дог на спортски настани во САД изнесува околу шест долари, што значи дека за цената на еден „Златен Глиззи“ може да се купат околу 20 обични хот-догови.

Инаку, Сабаленка во полуфиналето ќе игра против Елена Рибакина, која ја победи минатата недела во финалето на Indian Wells со резултат 2:1 во сетови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.