SportM
Тајм аут

Се омажи ќерката на легендарниот Михаел Шумахер, цереномијата се одржа во Мајорка

E R30 сеп 2024
Се омажи ќерката на легендарниот Михаел Шумахер, цереномијата се одржа во Мајорка

Фото: tv21m

Ќерката на легендарниот Михаел Шумахер, кој многумина го сметаат за најдобар возач во историјата на Формула 1, се омажи за својот долгогодишен партнер на гала церемонија во Шпанија. На семејниот имот, луксузен комплекс во Мајорка, Џина Шумахер (27) му рекла „ДА“ на Јаин Бетке, нејзиниот колега коњаник. Џина и Џејн беа заедно шест години пред да се свршат во летото 2023 година, а една година подоцна решија да направат свадба која привлече големо внимание кај светските медиуми.

Имотот на семејството Шумахер во Мајорка зафаќа над 15.000 квадратни метри и вклучува раскошна куќа, базени и помошни згради. Го купи Корина Шумахер во 2018 година, а претходно беше во сопственост на Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид. Затоа, не е чудно што сè на свадбата мораше да биде на највисоко можно ниво. Ангажирана е позната готвачка со ѕвезда Макарена де Кастро, која пристигнала со својот тим. Нејзината компанија е ангажирана за многу престижни настани, меѓу другите една таква беше и свадбата на шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.