Фудбал
Се раѓа ново ривалство, стадионите ги дели само една улица, дали богатите шеици добија конкуренција?!
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2025/02/paris-and-psg.jpg)
Почнувајќи од следната сезона во елитните редови на францускиот фудбал, би требало да имаме ново големо ривалство помеѓу Пари Сен Жермен и Париз ФК.
ПСЖ со години е доминантна сила во францускиот фудбал, а развојот на клубот го иницираше влегувањето на катарските сопственици кои ги водеа парижаните до европска слава. Сепак, во градот се појавува достоен ривал за наредниот период. Станува збор за второлигаш Париз, кој неодамна го презеде најбогатиот човек во Европа Бернар Арно. Сопственикот на модниот гигант LVMH, Бернар Арно, се здружи со Ред Бул за да создаде голема приказна која има за цел да стави крај на доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал. Париз ФК моментално е на второто место во второто ниво на натпреварување, но единствена цел им е промоција во повисокото ниво.
Доколку се постигнат очекуваните резултати и Париз се избори за промоција во француската Лига 1, ќе имаме ривалство на само неколку метри од следната сезона. Имено, ФК Париз ќе игра на стадионот „Стад Жан Буен“, кој од „Паркот на принцовите“ на ПСЖ го дели само една улица. Стадионите се изградени на речиси исто парче земја.