Селекторот на Аргентина ја прекина прес конференцијата: Извинете, душата ме боли (ВИДЕО)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, емотивно ја прекина прес-конференцијата по поразот во финалето на Светското првенство и најави дека наскоро ќе разговара за својата иднина на клупата на националниот тим.
Стратегот на „гаучосите“, кој во 2018 година пристигна како привремено и оспорувано решение, за време на својот извонреден мандат ѝ донесе на земјата континуитет и историски успеси.
Following their World Cup final defeat to Spain, Argentina manager Lionel Scaloni walked out of his post-match press conference after becoming too emotional to carry on. pic.twitter.com/c7NQjN2MG8
— BBC Sport (@BBCSport) July 20, 2026
Под негово водство Аргентина го прекина 28-годишниот пост без трофеј со освојувањето на Копа Америка во 2021 година, по што следуваа светската титула во Катар и уште една континентална круна во 2024 година.
Видно потресен по поразот од Шпанија (1:0) во Њу Џерси, Скалони се осврна на златната ера што ја испиша со својата генерација.
„Ова е прекрасно место. Ова е место од соништата. Ниту јас, ниту моите соработници не можевме ни да замислиме дека ќе ги освоиме сите тие трофеи“, изјави Скалони.
Сепак, притисокот од јавноста и постојаната потреба да се повторуваат врвните резултати си го направија своето, па трофејниот стручњак призна дека му е потребен одмор пред да ја донесе конечната одлука.
„За да се продолжи понатаму, потребно е да се вложи многу. Тешко е сето ова да се повтори. Се обидувавме да го дадеме максимумот до последната минута од финалето. Мислам дека е чесно сега да си земам време и добро да размислам за сè“, додаде Скалони.
По овие зборови, аргентинскиот селектор низ солзи порача дека го боли душата, им се извини на присутните и ја напушти салата, додека аргентинските новинари го испратија со громогласен аплауз.
Иако статистиката покажува дека неговата репрезентација немаше ниту еден удар во рамките на голот до продолженијата, тој смета дека финалниот дуел беше целосно отворен до самиот крај.
„Неизмерно сме им благодарни на нашите навивачи. Успеавме да стигнеме до самиот крај, до натпревар кој беше целосно отворен. Бевме блиску. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и на сите што ни помогнаа“, порача Скалони.
Поврзани вести

Еве го виновникот, Аргентинецот си ги местеше штуцните кога Торес го даде голот за победа на Шпанија (ВИДЕО)

Трамп му рекол на Инфантино: САД да бидат домаќини и на следното Светско првенство!

