Селекторот на Португалија: Роналдо кога сака може да се врати!
Редакција5 окт 2026

Селекторот на португалската репрезентација, Жорге Жесус, изјави дека напаѓачот Кристијано Роналдо би можел да се врати во репрезентацијата.
– Не знам што ќе се случи, сè е отворено. Тој мора да одлучи каков ќе му биде животот. Ако игра и сака да биде во репрезентацијата, може да се врати кога сака, зошто да не? Тоа беше недоразбирање и според мене, лесно се решава. Според мене, сè е во ред. Кога ќе се реши? Не знам, ќе видиме, изјави Жесус за „А Бола“.
Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација пред натпреварот од групната фаза на Лигата на нациите со Данска. Според медиумските извештаи, 41-годишниот фудбалер имал конфликт со селекторот Жорге Жесус.
Според „О Џого“, Роналдо одлучил да се повлече од португалската репрезентација.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



