SportM
Фудбал

Шкендија шампион на Македонија!

Редакција8 мај 2025
Шкендија шампион на Македонија!

Тетовска Шкендија по петти пат во клупската историја ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во дерби натпреварот од 31. коло го совлада Работнички со 2-1 и стекна недостижна предност пред второпласираниот Силекс на две кола до крајот на сезоната.

Латифи ја донесе Шкендија во водство во 5. минута, пред Тамба да ја зголеми предноста во 33 минута. Почесниот гол за Работнички го постигна Далеј од пенал во 62 минута.

За Шкендија ова е петта шампионска титула, која претходно ја освојуваше во 2011, 2018, 2019 и 2021.

Во преостанатите два натпревари од денешната програма, Брера го совлада Шкупи со 4-3, додека Тиквеш пред своите гледачи триумфираше над Беса со 1-0 во битката за опстанок.

ПМФЛ: 31 коло

Брера – Шкупи 4-3

Шкендија – Работнички 2-1

Тиквеш – Беса 1-0

Вардар – Струга 0-0 (одиграно вчера)

Пелистер – Воска 3-0 (службено)

Силекс – Гостивар 3-0 (службено).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.