Connect with us

Кошарка

Шортс: Исто е дали играм за Париз или за Македонија, ќе се потрудам да помогнам

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс подготвен е да им помогне на соиграчите од националниот тим во походот кон Евробаскет 2025.

Возбуден е што пак ќе игра за Македонија и се надева дека ќе помогне за победа над Естонија и Полска.

-Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено (Димитријевиќ) е лидер на тимот, а јас ќе го дадам се за да му помогнам и да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни зададоа удар многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку, вели Шортс.