Фудбал
Шоу во соблекувалната на Милан: Консеисао прво плачеше, па потоа запали пура и танцуваше, упадна и Ибрахимовиќ (ВИДЕО)
Фудбалерите и стручниот штаб на Милан жестоко го прославија освојувањето на Суперкупот на Италија, кој дојде по неверојатната победа од 3:2 над градскиот ривал Интер.
Милан до пред шест-седум дена беше во безизлезна ситуација. Катастрофалната серија резултати резултираше со отказ на тренерот Пауло Фонсека, а неговиот наследник и сонародник од Португалија Серхио Консеисао успеа да направи чудо за една недела. Тој го сврте моментумот на Милан и за три дена ги собори двата од нивните најголеми ривали, Јувентус и Интер, и двата пати откако се свртија резултатски од негатива за да го освојат трофејот во Суперкупот. Можеби не е голем трофеј за амбициите на Милан, но во оваа ситуација тоа е нешто што очајно му требаше на клубот. Милан до последните 25 минути имаше негатива од два гола против Интер, но со три гола направи голем пресврт и оствари важен триумф кој покрај трофејот му донесе и девет милиони евра заработка.
Sérgio #Conceicao got the moves 🕺pic.twitter.com/OGnMWxl1TM
— MilanReports (@MilanReportscom) January 7, 2025
По победата, во соблекувалната владееше лудило. Тренерот Консеисао прво плачеше на теренот, а потоа приреди вистинско шоу со соиграчите. Како и во Порто, додека освојуваше трофеи во Португалија, Консеисао запали пура во соблекувалната и истовремено танцуваше на воодушевување на своите играчи.
Но, посебен момент во соблекувалната беше кога се појави Златан Ибрахимовиќ. Легендарниот шведски фудбалер сега е советник на претседателот на Милан, Гери Кардинале, а ова е негов прв трофеј во таа улога во кариерата.
Il discorso di Zlatan #Ibrahimovic post vittoria della #Supercoppa pic.twitter.com/vNSeOGYqFx
— Milan Zone (@theMilanZone_) January 7, 2025