Фудбал
Штетааа, во 96-та минута останавме без победа, крај на победничката серија

Македонската фудбалска репрезентација беше на чекор седмата победа во низа и тоа без примен гол, но за жал Брукс во 96-тата минута погоди за 1:1 по слабата реакција во одбраната со што е прекината победничката серија.
По 90 минути практично спор и не толку интересен фудбал, многу возбудувања во судиското продолжение. Најнапред во 91-та Миовски погоди за 1:0 по големата грешка на дефанзивата на Велс.
Гостите по ова тргнаа на се или ништо и практично во последниот напад и по лошата поставеност и реакција во одбраната, Брукс во 96-та ги постави конечните 1:1.
По две одиграни кола Велс и Македонија на врвот по 4 бодови, Казахстан има 3, Белгија нема одиграно ниту еден меч поради учеството во плејофовите во Лига нации, а последен е Лихтенштајн со два порази.