Фудбал
Што сакаше? Да личиш на Илон Маск? Беше фудбалска надеж, ѕвезда, замина во Канада и сега не се препознава (ВИДЕО)
Италијанскиот фудбалер Федерико Бернардески (30) беше голема надеж на Јувентус. „Старата дама“ го купи за 40 милиони евра летото 2017 година од Фиорентина, а премалку е да се каже дека во тимот од Торино зажалија за оваа инвестиција.
Always. Ready.
Homemade Pt.2: Offseason with Federico Bernardeschi in Turin 🇮🇹 | All For One presented by @Bell
Full Episode 📺: https://t.co/qx7FQOvK9o pic.twitter.com/pUd4nvB3HS
— Toronto FC (@TorontoFC) January 17, 2025
Иако Бернардески играше солидно на почетокот на својот мандат во Јувентус, летото 2022 година замина во Торонто, што доволно говори за неговиот квалитет. Многумина дури заборавија дека игра фудбал се додека не се појави неверојатно видео на кое се гледа дека Бернардески не личи на „Бернардески“ што го паметиме. За тоа е виновна пластичната хирургија.
Иако јавно не проговорил за тоа, очигледно е дека Бернардески има направено бројни естетски зафати на лицето, што е многу чудно за некој кој има само 30 години. Фановите го забележаа ова откако Торонто објави интервју со него, па почна прозивката.
Bernardeschi sta pian piano diventando Elon Musk pic.twitter.com/WELijE5pMt
— La Ragione Di Stato (@ragionedistato) December 12, 2024
„Изгледа како да носи маска!“, „Можете да видите дека е целосно прилагоден на животот во Торонто, пластичните операции се секојдневие таму“, „Изгледа како да има 50, а не 30“, „Не го препознав?“ „Изгледа Илон Маск“, се само дел од коментарите.
Бернардески порасна во Фиорентина и се истакна како крилен напаѓач, додека во Јувентус играше и како крилен фудбалер. Откако замина во Торонто, тој е најдобар играч на клубот и на 73 натпревари постигна 21 гол. Тој беше и европски шампион во 2021 година со репрезентацијата на Италија.