Connect with us

Ракомет

Силна Холандија, ама силни и судиите, Македонија поразена

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на вториот меч од СП во Вараждин, од селекцијата на Холандија со 37:32. Иако пет голови е разликата, мора да се признае дека момците на Кире Лазаров одиграа солиден меч. Точно е дека направија голем број на грешки, кои се резултат веројатно на младоста, неискуството, а можеби дел и поради судењето. Да, на овој меч во најмала рака имаше „чудно“ судење, црвени картони, два за Македонија и дури 12 пенали во корист на Холандија. За Македонија беа досудени пет.

Како и да е, овој состав на Македонија ветува, останува последниот дуел од оваа фаза против селекцијата на Гана, на кој секако ние сме големи фаворити. Најефикасен во башиот табор повторно беше Кузмановски со 9 погодоци, а Серафимов постигна шест.