Connect with us

Фудбал

Сите го заборавивме овој човек: Ќе ве изненади чиј член е Кутињо, третиот најскап играч во историјата

Тешко е да се запамети кога фудбалер од светска класа падна во заборав толку брзо како Филипе Кутињо, третиот најскап играч во историјата на фудбалот.

Кутињо (32) денеска требаше да доминира во светскиот фудбал. Сепак, постојаните падови, проблемите со повредите и лошата работна етика го направија третиот најскап фудбалер заборавен преку ноќ. За многумина беше интересно да дознаат, а за што денес пишуваат англиските медиуми, дека Филипе Кутињо е актуелен член на Астон Вила со која има договор до летото 2026 година. Изненадувачки е затоа што тој нема играно за Астон Вила долго време, од 2023 година. Моментално е на позајмица во Васко де Гама, клуб во неговиот роден Бразил, а потоа се враќа во Астон Вила на лето за да се обиде да се избори за минутажа или да се избори за излез од клубот. Кутињо требаше да биде предводник на нова Барселона. Сепак, ништо од тоа не се случи. Овој брилијантен бразилски офанзивен играч за врска во 2018 година се пресели од Ливерпул во Барселона за 135 милиони евра, што и понатаму е трет најголем трансфер во историјата на фудбалот. Пред трансферот на Кутињо во Барселона, останува само трансферот на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ (180 милиони евра) и Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони евра). Во меѓувреме, Кутињо дури играше во Катар во Ал Духаил како позајмен од Астон Вила. За време на славните денови на неговата кариера, тој брилјираше во Ливерпул, но играше и за Интер, Еспањол и Баерн.