Connect with us

Фудбал

Сити избегна невиден срам против третолигаш, сврте од кец во два, кошмарно деби за скапо засилување (ВИДЕО)

Манчестер Сити обезбеди пласман во петтото коло од ФА Купот со победата од 2-1 на гости кај Лејтон Ориент. Домаќините поведоа во 16. минута со автоголот на голманот Стефан Ортега, откако Џејми Донли упати удар од околу 50 метри кој ја погоди гредата, а потоа се одби од Ортега во мрежата.

Сити израмни преку Абдукодир Кусанов откако топката го погоди и го смени правецот, а победничкиот гол го постигна Кевин Де Брујн во 79. минута, по асистенција на Џек Грилиш.

Натпреварот го одбележа несреќното деби за Нико Гонзалес, кој ја загуби топката, што доведе до примен гол на Граѓаните, а потоа мораше да го напушти теренот поради повреда во 22. минута. Инаку, Гонзалес пред неколку дена пристигна на „Етихад“ од Порто во трансфер вреден 60 милиони евра. Оваа победа за Сити доаѓа во пресрет на важниот натпревар против Реал Мадрид во плеј-офот од Лигата на шампионите закажан за вторник.