Connect with us

Други спортови

Славниот боксер Џошуа доживеа несреќа во Нигерија, загинаа неговите сопатници, тој за влакно избегнал смрт (ВИДЕО)

Британскиот боксерски шампион Ентони Џошуа денес доживеа страшна сообраќајна несреќа во Нигерија, земјата од која потекнува.

Несреќата се случила само неколку дена по големата борба на Џошуа против Џејк Пол, кого спектакуларно го нокаутираше во шестата рунда.

Според извештаите на британските медиуми, Џошуа се наоѓал на задното седиште во еден од автомобилите кои учествувале во несреќата, а две лица го загубиле животот.

Џошуа за влакно ја избегнал смртта, со оглед на тоа што тие две лица биле заедно со него во автомобилот.

Се верува дека автомобилот во кој се наоѓал Џошуа, SUV од марката „Лексус“, се судрил со камион кој бил паркиран во близина на бензинска пумпа на прометниот автопат Лагос–Ибадан.

Драматичните снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат минувачи како му помагаат на видно потресениот Џошуа да излезе од уништената автомобилска олупина.

Џошуа бил пренесен во болница на лекување, изјави Ланре Огунлово, портпарол на државната полиција на Огун.