Фудбал
Стартува нокаут фазата во ЛШ, едно е јасно Манчестер Сити или Реал Мадрид нема да го освојат пехарот (ФОТО)
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2025/02/real-siti7.jpg)
Во елитната Лига на шампиони за вечерва се закажани првите натпревари од нокаут фазата. Закажани се првите четири натпревари од дополнителните осминафинални натпревари, а најголемо внимание привлекува пресметката меѓу последните два победници на ова престижно натпреварување – Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Haaland: 47 goals, 47 games
Mbappé: 51 goals, 81 games #UCL pic.twitter.com/O1SmHiHbGR— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 10, 2025
Таканаречениот „плеј-оф“ за осминафиналето носи неколку интересни дуели. Вечерва во Манчестер се среќаваат шампионот од минатата сезона Сити и рекордниот 15-кратен освојувач на Лигата на шампионите Реал Мадрид. Од 21:00 часот ќе игра и финалистот од минатата сезона, Борусија Дортмунд, кој ќе гостува кај Спортинг во Лисабон. Во истиот термин ќе се сретнат Јувентус и ПСВ, додека нешто порано од 18 часот и 45 минути на програмата е францускиот дуел помеѓу Брест и ПСЖ.
Останатите четири натпревари ќе се играат во среда. Клуб Бриж ќе ја пречека Аталанта, Монако ќе ја пречека Бенфика, Селтик ќе игра против Баерн Минхен, додека Феенорд ќе се соочи со Милан. Директен пласман во осминафиналето веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила. Реваншите ќе се играат на 18 и 19 февруари, додека првите осминафинални натпревари се закажани за 4 и 5 март, а реваншите на 11 и 12 март.