SportM
Фудбал

Столе Димитриевски од клупата ја следеше сензацијата, Валенсија на „Бернабеу“ го совлада Реал Мадрид (ВИДЕО)

Редакција5 апр 2025
Столе Димитриевски од клупата ја следеше сензацијата, Валенсија на „Бернабеу“ го совлада Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид забележа кикс на домашен терен и загуби од 15-то пласираната на табелата Валенсија со 1:2. Ова секако може да биде чекор назад во трката со Барселона за титулата, иако има уште доста до крајот на сезоната и многу бодови се во игра. Сепак, сега Каталонците со меч помалку имаат три бодови предност.

Откако во 13-тата минута Винисиус не реализираше пенал, Диакхаби две минути подоцна и донесе предност на Валенсија. По само пет минути игра во вториот дел Винисиус се извади за промашениот пенал, па израмни на 1:1. Новиот шок и конечни 1:2 беа дело на Дуро во 95-та минута.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на клупата за резервни фудбалери на Валенсија.

Standings provided by Sofascore
Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.