Фудбал
Судијата Мунуера Монтеро со пехар во рацете го прослави крунисувањето на Барселона…Се претера и со вештачката интелегенција (ВИДЕО)

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот меч Барселона-Рајо Валјекано (1:0). За многумина на овој меч Барса имала поддршка од судиите, не бил досуден пенал за Рајо, но и му беше поништен гол. Па, сега веднаш проработе и вештачката интелегенција. Имено, направено е видео на кое судијата Мунуера Монтеро со пехар во рацете го „слави крунисувањето“ на Барселона за шампион. Секако, ова е монтажа, па и со вештачката интелегенција се претера.
Судијата кој се најде на ова монтирано видео не е оној кој ја делеше правдата на мечот Барса-Рајо Валјекано, Мелеро Лопез, туку Мунуера Монтеро, кој го судеше мечот Осасуна-Реал Мадрид и кој му покажа црвен картон на Белингем. Тој меч заврши 1:1, а фановите на Реал беа бесни и сметаа дека Монтеро имал тенденциозно судење на штета на „Кралевите“. Во овој момент Барса и Реал имаат ист број бодови по 51.