SportM
Фудбал

Суперкомјутерот предвиде, еве кој има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите

E R4 мар 2025
Суперкомјутерот предвиде, еве кој има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите

Фото: tv21m

Суперкомпјутерот на британската компанија за спортска анализа „Opta“ го обнови рангирањето на фаворитите во фудбалската Лига на шампионите за 2024/25 година пред првите натпревари од осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување.

Ливерпул важи за главни фаворити, а неговите шанси за освојување на титулата се зголемуваат од 17,2% на 19,2%.

На второ место е Барселона (14,8%), на трето е Интер (14%).

Во првите 6 на ажурираното рангирање за освојување на турнирот се и Арсенал (11,6%), Реал Мадрид (9,8%) и Пари Сен-Жермен (9,5%).

Следуваат Баер Леверкузен (5,4%), Баерн Минхен (5,3%), Атлетико Мадрид (4,2%) и Бенфика (1,3%).

Првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат вечер и утревечер. Реваншите ќе се играат на 11 и 12 март. з

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.