SportM
Фудбал

Светско првенство 2026: Сè што треба да знаете за најголемиот фудбалски спектакл досега

Редакција4 јун 2026
Светско првенство 2026: Сè што треба да знаете за најголемиот фудбалски спектакл досега

Вовед во Мундијалот 2026

Светското првенство во 2026 година е пред врата, а овој пат нè очекува историски настан со рекордни 48 репрезентации. Домаќини на 23-тото издание на Мундијалот се САД, Канада и Мексико, а турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

По долги квалификации кои започнаа во септември 2023 година, последните две визи ги обезбедија ДР Конго и Ирак. Со проширувањето на форматот, 43 репрезентации обезбедија директен пласман, трите домаќини се квалификуваа автоматски, додека две места беа пополнети преку интерконтиненталниот бараж.

Нов формат и рекорден број натпревари

Наместо досегашните 32, во 2026 година ќе гледаме 48 нации. Ова значи и зголемување на бројот на натпревари на вкупно 104, кои ќе се играат во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада).

  • Времетраење: Рекордни 39 дена.
  • Групна фаза: 12 групи со по четири репрезентации.
  • Нокаут фаза: Во следната рунда продолжуваат првите две екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани нации, со што започнува новата фаза – шеснаесетфинале (коло од 32).
  • Отворање: Мексико против Јужна Африка на „Естадио А Azteca“ во Мексико Сити на 11 јуни.
  • Финале: 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Термини на натпреварите: Предизвик за европските гледачи

Бидејќи натпреварите ќе се играат во четири различни временски зони, навивачите во Европа ќе мора да се подготват за доцни термини. Речиси половина од натпреварите во групната фаза (35 од 72) ќе започнуваат по полноќ по средноевропско време. Најчестиот термин за почеток ќе биде 21:00 часот.

Кои се главните фаворити?

Според стручњаците, неколку репрезентации се издвојуваат во трката за трофејот:

  • Шпанија: Европскиот шампион се смета за прв фаворит, со тим полн со таленти како Родри, Ламин Јамал и Педри.
  • Англија: Под водство на Томас Тухел, „Гордиот Албион“ изгледа моќно со Џуд Белингем и Хари Кејн.
  • Франција: Килијан Мбапе го предводи страшниот напад на „триколорите“ кои беа непоразени во квалификациите.
  • Аргентина: Актуелниот светски шампион доминираше во јужноамериканските квалификации и не смее да биде отпишан.
  • Бразил: Иако имаа променливи квалификации, „кариоките“ секогаш се во потесниот круг на кандидати за титлата.

Потенцијални изненадувања и дебитанти

Норвешка, предводена од Ерлинг Халанд, се враќа на светската сцена по 1998 година и се смета за „нагазна мина“. Мароко, кој веќе покажа сила на минатиот Мундијал, и Јапонија, која неодамна ја совлада Англија, се екипи кои можат да ги поматат сметките на големите.

Четири земји ќе го искусат дебитантскиот настап:

  • Курасао: Најмалата нација на првенството (само 150.000 жители).
  • Зеленортски Острови: Малата островска држава која го елиминираше Камерун во квалификациите.
  • Узбекистан: Предводени од Фабио Канаваро, „белите волци“ конечно стигнаа до Мундијал.
  • Јордан: Минатогодишниот финалист на Азискиот куп продолжува со својот напредок.
Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.