Фудбал
Тажно беше денеска во Чаир, ФК Шкупи прв пат се собра откако нивниот соиграч и другар загина во пожарот во Кочани (ВИДЕО)

Трогателен момент на стадионот во Чаир. ФК Шкупи за прв пат се собра по загубата на нивниот соиграч и другар Андреј Лазаров, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
-Со огромна празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме на тренажниот процес. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, со него и во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!, порачаа од Шкупи.