Connect with us

Фудбал

Тензии во Реал Мадрид по поразот од Барса, тепачка помеѓу Модриќ и Рудигер?!

Поразот од Барселона во продолжението од драматичното финале на Купот на Кралот остави длабок белег врз тимот на Реал Мадрид, а се чини дека постои поделба во соблекувалната, пишува Дон Балон. Имено, наводно имало жестока расправија меѓу играчите, дури и тепачка, каде што Антонио Рудигер, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор биле најгласни во критикувањето на судијата, обвинувајќи го за поразот. Друга струја на играчи, меѓу кои се споменуваат Лука Модриќ и Килијан Мбапе, се залагале за самокритика, верувајќи дека самиот тим е виновен за неуспехот.

Шпанскиот портал објави информации за конфликтот меѓу Модриќ и Рудигер во соблекувалната, а тој се случил токму поради испадот на лутиот Германец кон судијата. Хрватот застанал против префрлање на вината исклучиво на судијата, што можеше да доведе до покачени тонови во вжештената атмосфера во соблекувалната, иако нема потврда за директен физички судир од релевантни извори.

Да потсетиме дека покрај тоа што трофејот му се лизна од рацете на Кралскиот клуб, крајот на неодамнешниот натпревар во Севиља беше обележан со грди сцени и црвени картони. Исклучувањата на Рудигер, Белингам и Лукас Васкез по последниот свиреж беа само кулминација на фрустрациите што тлееја во текот на целиот викенд.