Терзиќ потврди: Ова е најмалку што можеме да направиме за братска Македонија

Фото: tv21m
Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ потврди дека српскиот шампион и Вардар на 16 април ќе одиграат хуманитарен натпревар. Сите приходи од дуелот ќе бидат наменети за семејствата на загинатите.
–Сите во Црвена звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани, Македонија. Веднаш ги контактиравме нашите играчки легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски. Со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да гостуваме во Скопје на 16 април и да одиграме хуманитарен натпревар. Сите приходи од овој натпревар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време. Изразуваме најдлабоко сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку оваа трагедија нè погоди и дека сме обединети, вели Терзиќ.



