Connect with us

Фудбал

Тотенхем им пиша на медиумите: Не не нарекувајте повеќе Тотенхем!

Англискиот премиерлигаш Тотенхем испрати мејл до сите водечки светски медиуми со барање никој повеќе да не ги нарекува Тотенхем.

Имено, целосното име на клубот е Фудбалскиот клуб Тотенхем Хотспур, а челниците на клубот побарале од медиумите нивниот клуб да го нарекуваат Тотенхем Хотспур, или скратено Спарс.

„Тотенхем Хотспур Ф.Ц. им се обраќа на медиумите во врска со именувањето на клубот. Ве молиме наведете го клубот првенствено како Тотенхем Хотспур, а Спарс е најпосакуваната скратена верзија. Клупски договор е да не се нарекуваме Тотенхем“, пишува во е-поштата.

Објаснувањето што го дадоа беше дека „Тотенхем“ е географска одредница, поточно населба во Лондон, додека „Хотспур“ е вистинското име на клубот. Досега кратенката од три букви „ТОТ“ се користеше на телевизиските екрани при пренос на натпревари од Премиер лигата, а доколку ова барање биде усвоено, во иднина ќе се користи „СПУ“.