Connect with us

Фудбал

Цел свет му се смее на Хрватот, промаши празен гол од два метри (ВИДЕО)

Фудбалерите на Леганес и Осасуна одиграа нерешено 1:1 во 30. коло од шпанската Примера, а натпреварот го одбележа неверојатното промашување на хрватскиот напаѓач Анте Будимир. Хрватот се посрамоти за „сите пари“. Во 30. минута од натпреварот Будимир доби топка во шеснаесетникот, голот беше празен, можеше да бира каде ќе шутира… Соиграчите веќе почнаа да го слават голот, а потоа следеше шок. Хрватот се заплетка, ја промаши топката и пропушти шанса да му донесе водство на својот тим.

„Некако Будимир успеа да го промаши ова“, вели шокиран коментатор на преносот.
Инаку, мечот на крајот заврши без победник 1:1.