SportM
Фудбал

Валенсија потврди, нов договор за Столе Димитриевски до 2028-ма!

Редакција4 јун 2026
Валенсија потврди, нов договор за Столе Димитриевски до 2028-ма!

Валенсија ја продолжи соработката со Столе Димитриевски до 2028 година. Валенсија ја активираше опцијата за продолжување на договорот со Столе Димитриевски за уште две сезони, со што македонскиот голман ќе остане во клубот до јуни 2028 година.

Од неговото доаѓање во 2024 година, Димитриевски  има одиграно 33 официјални натпревари за Валенсија во Ла Лига и Купот на Кралот.

Неговото искуство и стабилност меѓу стативите придонеле за подобри резултати на тимот во вториот дел од минатата сезона, со пет натпревари без примен гол кои завршиле со победи.

Со ова продолжување на договорот, Валенсија ја обезбедува иднината на 32-годишниот голман, кој по завршувањето на сезоната настапи и за македонската репрезентација на пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, по што се враќа на клупските подготовки.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.