Фудбал
Ван Нистерлој за поразот од Манчестер Јунајтед: Ова е скандалозно (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ван Нистерлој, сега тренер на Лестер, беше бесен по мечот, откако неговиот тим загуби од „Црвените ѓаволи“ со 2:1 во ФА Купот.
„Не загубивме во „времето на Ферги“, туку во „времето во офсајд“. За ова не е потребен ВАР, потребен ви е ВАР кога станува збор за ситуација која не е видлива со голо око. Мегваер беше на половина метар офсајд, линијата е јасна. Тешко е затоа што тимот заслужи нерешено на крајот и продолженија, изјави Нистерлој.
Холандскиот стручњак алудираше на головите кои Јунајтед ги постигнуваше во самиот финиш на натпреварите под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Имено, Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на натпреварувањето оваа сезона одлучи видео технологијата да се користи од петтото коло на ФА Купот. Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.