Connect with us

Фудбал

Вечерва лудило во Лигата на шампионите: 18 натпревари во исто време, што ќе биде со ПСЖ и Сити? (ФОТО)

Вечерва се игра последното коло во ЛШ од оваа фаза, а се играат дури 18 мечеви во ист термин од 21 часот.

Речиси сите клубови играат натпревар кој ќе го одреди конечниот пласман, односно местата меѓу осумте најдобри кои водат директно во осминафиналето и позициите од 9 до 24 кои водат во осминафиналето на Лигата на шампионите.  Единствените два клуба кои веќе обезбедија пласман во осминафиналето се лидерите Ливерпул и Барселона. Исто така, девет клуба веќе немаат теоретски шанси за продолжување на натпреварувањето и тоа Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена звезда Белград, Штурм, Салцбург, Слован и Јанг Бојс. Посебно внимание ќе биде насочено кон Манчестер Сити, кој моментално е под линијата, но има шанса да го продолжи натпреварувањето вечерва со домашна победа против Клуб Бриж. Во идентична ситуација е Динамо Загреб, исто така со осум бода, а ќе го пречекаат Милан на распродадениот Максимир.

ПАРОВИ ЛШ:

Астон Вила – Селтик

Барселона – Аталанта

Баер Леверкузен – Спарта

Прага Баерн – Слован Братислава

Борусија Дортмунд – Шахтјор

Брест – Реал Мадрид

Динамо – Милан

Жирона – Арсенал

Интер – Монако

Јувентус – Бенфика

Лил – Феенорд

Манчестер Сити – Клуб Бриж

ПСВ – Ливерпул

Салцбург – Атлетико Мадрид

Спортинг – Болоња

Штурм Грац – РБ Лајпциг

Штутгарт – ПСЖ

Јанг Бојс – Црвена звезда 

Standings provided by Sofascore