Фудбал
Ви благодарам, се чувствував како дома-Благодарница од Трабзон за Енис Барди за крај (ФОТО)
Енис Барди и официјално до крајот на јануари ќе има нов клуб. Тој го раскина договорот со турскиот Трабзонспор, а беше потврдено вчера откако од клубот доби благодарница и посебна плакета за неговиот престој во овој тим.
–Сакам да ви се заблагодарам на сите вас, особено на претседателот што ми дадовте шанса да играм за толку голем клуб. Сакам да ви се заблагодарам затоа што ме правите да се чувствувам како дома во Трабyон. Посакувам се најдобро во иднина, порача Барди.
Според најновите информации од Шпанија има интерес за него. Станува збор за Еспањол и Рајо Валјекано, па останува да се види каде Барди ќе ја продолжи кариерата, кој сега е слободен игра.