Фудбал
Во Интер те фалат еден ден, а критикуваат цела недела-Симоне Инзаги е како лудак!
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2023/04/inzagi.webp)
Интер во понеделникот ја совлада Фиорентина со 2:1 на домашен тере и колку толку се одмазди за поразот од четвртокот од 3:0, меч кој беше заостанат.
Коментар за ова даде поранешниот играч на Лацио Марко Пароло, кој играше за римскиот тим кога тренер беше Симоне Инзаги. Тој вели дека токму тренерот е најзаслужен за победата бидејќи успеал да ги мотивира играчите, а знае добро да го прави тоа.
– Тој е како лудак – рече Пароло.
– Во неговите како затруени очи се гледаше дека сака да победи по секоја цена, и во неговите движења. Дури и кога не е свесен за тоа. Во понеделникот, и покрај шансите на двете страни, Интер заслужи да победи. Таа сила Инзаги им ја пренесе на играчите, вели Пароло.
По натпреварот на Сан Сиро, Инзаги призна дека бил под притисок поради поразот во претходната средба меѓу двата тима.
– Во Интер те фалат еден ден и те критикуваат цела недела. Можеби и подолго. Досега е навикнат на тоа – додаде Пароло.
Интер е втор во табелата во Серија А, со еден бод помалку од лидерот Наполи. Следниот натпревар го игра против Јувентус.