Connect with us

Ракомет

За кого? За Македонија! Преку Гвинеја до следна фаза на СП

Македонската ракометна репрезентација попладнево во 18 часот го игра третиот меч на СП во Вараждин. Противник е селекцијата на Гана, која важи за аутсајдер во групата, но и на овој меч. Македонија со реми или со победа ќе обезбеди пласман во следната фаза, каде би требало да вкрстиме со Франција, Австрија и Катар. Сепак, се освен победа би било рамно на сензација.

– Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во  втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар, изјави Лазаров.

И репрезентативното крило Ненад Костески верува во успех.

– Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно, нагласи Костески.

Натпреварот Македонија – Гвинеја се игра утревечер од 18 часот.

По две кола лидер во групата е Холандија со 4 бода, Унгарија има 3, Македонија 1, Гвинеја е последна без освоен бод.