Фудбал
Засилувањето на Сити од 50 милиони евра со голема грешка на дебито, Гврадриола призна: Погрешив (ВИДЕО)

Абдукодир Хусанов самошто го облече дресот на Манчестер Сити веднаш беше „фрлен во оган“ на натпреварот против Челси, а тренерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола смета дека згрешил што донел таква одлука.
Младиот Узбекистанец не даде се од себе, тој беше виновникот за првиот гол на лондонскиот тим, но искусниот шпански стручњак ја префрли вината врз себе.
-Не, Хусанов не требаше да биде на теренот. Тоа беше моја грешка. Тој штотуку пристигна во клубот, се уште не се сретнал со своите соиграчи, не почувствувал што значи дресот на Манчестер Сити и веќе доби шанса да игра на големо дерби во Премиер лигата против Челси. Тоа беше премногу за него, изјави Гвардиола.
Abdukodir Khusanov vs Chelsea (H)
Disaster Debut 😭 pic.twitter.com/9iwV13KOGy
— 7👤 (@Utddoja) January 25, 2025
Иако многумина мислеа дека овие зборови се насочени кон дебитантот, шпанскиот тренер нагласува дека тоа не е така и дека единствениот виновен во оваа ситуација е тој.
-Тој не е подготвен за ова ниво и навистина мислам дека згрешив што го ставив во тимот. Но, ова не е критика кон него, туку само и исклучиво кон мене. Тој работи напорно, има квалитети кои сигурно ќе ги покаже и поради кои дојде во Манчестер Сити, само во овој момент, по целосниот шок што му се случи, не беше подготвен, додаде Каталонецот.