SportM
Ракомет

Зошто Холанѓаните избегаа во соблекувалната? Навивач на Македонија го плукнал селекторот Олсон?!

Редакција18 јан 2025
Зошто Холанѓаните избегаа во соблекувалната? Навивач на Македонија го плукнал селекторот Олсон?!

Фото: tv21m

Холанѓаните, предводени од легендарниот Швеѓанец Стафан Олсон, постигнаа три гола во последните три минути и славеа со 37-32,  а судиските одлуки запалија искра на трибините во Вараждин, на кои доминираа навивачите на Македонија.

Додека играчите се редеа за церемонијата за доделување на „Играч на натпреварот“,  македонските навивачи почнале да фрлаат разни предмети кон Холанѓаните. Навивач на Македонија го плукнал селекторот Олсон според холандскиот весник „Нос“, а тоа наводно го потврдил и портпаролот на холандската репрезентација за тој медиум. Холанѓаните решија да побегнат од теренот во соблекувалната пред крајот на доделувањето на наградите, а сликите кои излегоа во светот изгледаа грдо. Стафан Олсон бесно се сврте кон навивачите, накратко им аплаудираше на своите играчи и навивачите и на крајот самиот побегна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.