А, требаше да биде дерби-МЗТ Скопје го прегази Работнички
E R14 фев 2025

Фото: tv21m
Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром синоќа во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“.
МЗТ Скопје денеска во полуфиналето ќе се соочи со Пелистер кој во четвртфиналето го победи Чаир со 76:72.
Домаќинот на турнирот, Кожув го совлада Куманово со 81:69 и обезбеди полуфинале против Гостивар кој беше поуспешен од ТФТ со 72:62.
Денеска на распоредот се полуфиналните средби, прво во женска, а потоа во машка конкуренција.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



