SportM
Кошарка

Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот на ВНБА – синоќа многумина изгубија пари (ВИДЕО)

E R8 авг 2025
Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот на ВНБА – синоќа многумина изгубија пари (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Бесмислениот тренд на фрлање дилдо на натпревари од ВНБА лигата продолжи и синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувачи изгубија пари поради тоа.

Имено, откако на 30 јуни еден навивач фрли дилдо на натпревар од ВНБА лигата помеѓу Атланта и Голден Стејт, тој бесмислен и сексистички чин стана популарен, па на идентичен начин привремено беа прекинати и натпреварите помеѓу Чикаго и Голден Стејт, како и Лос Анџелес и Индијана.

Особено интересно е што обложувалниците ја видоа својата шанса за заработка, па решија да вклучат во понудата обложување на тоа во која боја ќе биде дилдото што ќе биде фрлено на натпревар од ВНБА, а токму тие облози станаа попопуларни дури и од обложувањето на исходот од натпреварите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.