ФУДБАЛ

Премиер лигата го прекина партнерството со ЛГПТК+, капитените нема да носат ленти со боите на виножитото!

Новата сезона на англиската Премиер лига ќе донесе еден интересен новитет, бидејќи капитените на екипите повеќе нема да носат капитенски ленти со боите на виножитото на натпреварите.

Со тоа ќе биде прекината традицијата што трае осум години, бидејќи таквите ленти беа присутни на терените во Премиер лигата од 2017 година.

Имено, британските медиуми јавија дека Премиер лигата го прекинала партнерството со ЛГБТК+ добротворната организација Stonewall во пресрет на новата сезона.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига