Поврзи се

Ракомет

Словенците предизвикале инцидент! По натпреварот со Македонија скандирале „Пирин е наш“

За цела среќа ова беше единствениот инцидент на вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија.

Македонија вчера го отвори Европското првенство со натпреварот против Словенија во арената во Загреб. Македонија славеше со еден разлика во многу динамичен натпревар. Но. кој губи има и право да се лути, па така Словенците се жалат на лошо судење на натпреварот.

Средбаата помеѓу Македонија и Словенија ја одбележа и големата посетеност на трибините, односно околу 5.000 навивачи беа присутни од двете екипи на трибините.

На самиот натпревар не се забележани било какви инциденти, но според информациите на Спорт М по завршувањето на натпреварот, во кругот на Загребска арена, Словенските навивачи „исклучиле“ и започнале со провокации кон земјата домаќин – Хрватска.

Според информациите на читателот на Спорт М кој ни ги пренесе овие информации, Словенските навивачи скандирале „Пирин е наш“.

За среќа, ова е единствениот инцидент кој е забележан на вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија, каде што Македонија славеше со 25:24 (11:11).

Следен противник на Македонија е репрезентацијата на Црна Горна. Натпреварот е закажан за утре од 20:30.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Ракомет

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com