Connect with us

Ракомет

ЕХФ изрече двегодишна суспензија за македонските судии Начевски и Николов

ЕХФ одлучи да ги суспендира на две години македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како што се вели поради тешки прекршувања на спортските правила, односно поради манипулации со фитнес тестовите. Освен двегодишна суспензија, тие ќе треба да платат и парична казна од по 5000 евра.

Во соопштението на ЕХФ се вели:

-Пред ЕХФ Европското првенство за мажи 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, Спортрадар, ЕХФ заклучи дека спорните видеа се манипулирани и затоа изрече  санкции.

И двајцата судии се суспендирани од извршување каква било функција во рамките на ЕХФ и од учество во какви било ЕХФ активности во траење од две години, сметано од датумот на првостепената одлука, поради сериозно неспортско однесување. Секој од судиите е должен да плати парична казна од 5.000 евра за суштински прекршувања на ЕХФ Кодексот на однесување. Жалба може да биде поднесена до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена, се вели во соопштението.