Фудбал
Има ли сили Барселона вечерва да направи нешто големо?!
Вечерва се играат реванш мечевите од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Секако делот кој привлекува поголемо внимание е реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, дуел на клубови на чии мечеви секогаш има тензии и многу возбувања. Првиот натпревар го доби Атлетико Мадрид и тоа како гостин, па се разбира се даваат поголеми шанси на тимот од Мадрид за пласман во полуфиналето. Но, од таборот на Барселона велат дека ништо не е готово и со сите сили ќе се обидат, иако на гостински терен, да ја анулираат негативата од два гола и да се пласираат во понатамошната фаза. Дали ќе успеат во такво нешто, тешко е да се верува, иако не е невозможно.
На вториот меч се среќаваат Ливерпул и ПСЖ. Францускиот првак отпатува во Англија со два голови предност (0:2) од првиот меч, а иако Ливерпул не е на своето ниво, сепак со англиските тимови никогаш не можете да бидете сигурни дека е готово додека судијата не означи крај.
ЛШ, четвртфинале реванш
ВТОРНИК 21:00Ч.
АТЛЕТИКО МАДРИД – БАРСЕЛОНА (2:0)
ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ (0:2)
СРЕДА 21:00Ч
АРСЕНАЛ – СПОРТИНГ Л. (1:0)
БАЕРН МИНХЕН – РЕАЛ МАДРИД (2:1)
*Во заградите се резултатите од првите мечеви