Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер посилен за Словенецот Котар

И во следната сезона организацијата на играта на Еурофарм Пелистер ќе му биде доверена на словенечки среден бек. „Зелено-белите“ потпишаа двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Битола доаѓа од првакот на Србија, Партизан.

Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан.

-Со ангажманот на Котар нашиот клуб добива квалитет, искуство и додадена вредност во тимот, објави Еурофарм Пелистер.

Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.

Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период планира да донесе уште еден играч на оваа позиција.