Connect with us

Интервју

Интервју со Илина Арсова: 7 врвови, 7 континенти – на Антартикот не паѓа ноќ, температури до -50

7 врвови и 7 континенти со ова фраза Илина Арсова го исполни својот сон. За тоа како е да се живее на Антартикот каде постојано е ден и на температури до -50 степени, разговараме во ова интервју.

Во декември го освоивте и последниот врв од вашата мисија, успеавте ли да се навикнете на Скопските услови?

  • Па да, ми требаше неколку денови. Ми требаше време да си го вратам назад тој редовен сон, сепак таму бевме некои 12 часа разлика во временските зони и имаше бројни непреспиени ноќи бидејќи таму е постојано ден, но тешко е и да се спие на поголема висина.

Какви подготовки се потребни за да се издри се ова?

  • Јас ова го правам последните 10 години, па и нешто повеќе од тоа. Она што е физичкито дел мислам дека со редовен тренинг треба да се одржуваме во форма и тоа е во ред. Но овие искажувања бараат и многу повеќе од тоа. Како психолошка подготвеност, да се справиме со студот. Престојуваме на глечер, спиеме во фатор, на мраз, во шатор со денови. Ограничена хигиена, ограничени услови. Тоа е така, но мене тоа ми одговара и кога јас сум таму ништо не ми недостасува. Некои се жалат дека им недостасув комфорот кој го имаат дома. Но, тоа не е случај со мене. Јас кога сум на планина, таа убавина и тоа чувство со ништо не би го заменила.

Значи подобро се чувствувате на планина отколку во градско подрачје?

  • Па, да мислам дека таму сум среќна. Сведок на тоа е кога и во лошото ја наоѓам убавината. Кога во маката си го гледаш убавото. Кога ти студи, кога си осамен, болен си или те боли нешто. Тогаш наоѓаш уживање во тоа. Бидејќи си преморен, одиме со тешки ранци на планина. Само еден 360 степени кадар на направат, да видам што има околку мене и кога ќе ги видам тие планини и тоа опкружување, заморот исчезнува и истиот се заменува со воодушевување. И јас на тоа сум благодарна.

Колку време се подготвувавте за вашето последно искачување кое го направивте на 27-ми декември 2019 година?

  • Искачувањето траеше 10-тина денови, може словодно да се каже дека се подготвував цела измината година. Бидејќи шестиот од низата седум врвото го искачив, во јануари 2019 година. Си дадов на себе некоја пауза помеѓу тоа и ова. Но тоа така го мислам само иако не верувам. Сигурно сум тренирала, се занимавам со повеќе спортови, не само со ова. Интензивно во последниот дел од годината тренирав, пливав во охридското езеро. Сакав да се навикнам на ладната вода, сакав да ја подобрам циркулацијата, за по лесно да се справам со студот.

Како се прилагодувавте на тие температури кога стигнавте?

  • Најголемиот предизвик за мене не беше техничкиот дел да се искачи планината. Но цела година јас психолошки си се подготвував и тренирав различни вежби за да можам полесно да се справам со студиот и на крајот тоа беше успешно, не ми беше многу ладно. Ја користев истата опрема со која искачив Монт Еверест.

Која е најниската температура која ја затекнавте таму?

  • Мислам дека во шаторот беше -18 степени, бидејќи часовникот кој го носев измери до -15 и пукна, веќе не мереше. Надвор -40 во летни услови.

Цела таа организација носи и свои ризици, како вие гледате на тој страв, претпоставувам го има и треба да го има?

  • Секој планинар тоа треба да го намали колку што е можно, во однос на тоа што зависи од нас самите. Има и ризици кои не зависат од нас, туку од планината. Како што се ветрови, лошо време, на антартикот може за секунда да се промени времето. Сепак ние таму немаме голем удел, но треба да бидеме подготвени и да ја препознаеме ситуацијата и да можеме да пробаме да ја направиме колку можеме по безбедна таа ситуација.

Што доколку се случи нешто кое што не е планирано, како и кај кој ќе алармирате? Какви се тие протоколи?

  • Секој тим има некаква комуникација преку радио врска, освен оние планини на кои сум била сама. Јас сум била и во опасност, кога сум била сама на планина и сум свесна дека околу мене нема никој кој може да ми помогне. Кога сме во тим, малку тоа е и по безбедно, така се чувствувам и јас. На планите нема телефонска мрежа, постои сателитски телефон кој ние го имавме и соопштувавме вести кај нашите претставници во светот. Најблиската точка каде што имаме безбедност е подножето на планината, таму има камп и таму има служба која може да ви помогне во незгода. Секој планинар одговара сам за себе и затоа пред ова последно искачување мораше секој од нас да направи и поларно осигурување кое вклучува и евакуација со хеликоптер. Тоа е многу скапо, но многу добро функционира.

Рековте дека неколку денови се задржавте таму, како е да се живее во такви услови? Какви правила важат, како се заштитува животната средина?

  • Многу ми се доапаѓа што горе, беше многу чисто. Навистина големо внимание посветуваат на животната средина. Никаква трага не смее да остави планинарот позади себе. Вклучувајќи го човечкиот измет, урина и слично. Се тоа си го носисме со себе.

Гледај видео интервју