Connect with us

Фудбал

Драма, крвава борба, на крајот Барса елиминирана, Атлетико во полуфинале (ВИДЕО)

Барселона е елиминирана од ЛШ, и покрај тоа што славеше на гостински терен против Атлетико Мадрид со 1:2. „Јорганџиите“ одат во полуфинале благодарејќи на победата на првиот меч како гости со 2:0. На реваншот имаше од се и сешто, голови, шанси, црвен картон, поништен гол на Барселона, раскрвавени лица, но и многу борба.

На вториот меч, Ливерпул повторно загуби од ПСЖ со 2:0, овој пат на домашен терен. Францускиот тим во овој двомеч беше подобар и заслужено се најде меѓу четирите најдобри екипи.

Атлетико Мадрид го чека подобриот од дуелот Спортинг-Арсенал, додека ПСЖ подобриот од дуелот Баерн-Реал Мадрид.

ЛШ, РЕВАНШ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
СРЕДА
АРСЕНАЛ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ПРВ МЕЧ 1:0)
БАЕРН МИНХЕН – РЕАЛ МАДРИД (ПРВ МЕЧ 2:1)