Фудбал
Гвардиола: Ако загубиме од Арсенал, готово е!
Натпреварот на сезоната во англиската Премиер лига ќе се одигра во недела од 17:30 часот, кога ќе се сретнат Манчестер Сити и Арсенал. „Топџиите“ гостуваат на „Етихад“, каде ќе се обидат да ја зачуваат предноста од шест бода, со тоа што Сити има натпревар помалку.
Натпреварот го најави шефот на стручниот штаб на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Aко загубиме од Арсенал, готово е – изјави Шпанецот.
Потоа новинарите го прашаа дали ќе играат исто како во финалето на Карабао купот, на што одговори:
-Го менуваме планот. Сега ќе ви кажам сè што ќе направиме – рече Гвардиола.
Се очекуваше интересен одговор од искусниот тренер.
Standings provided by Sofascore