Фудбал
Откако беа елиминирани во ЛШ од нив, сега Барселона го сака нивниот напаѓач!
Барселона беше запрена во четвртфиналето на најважното клупско натпреварување во светот од Атлетико Мадрид, па фокусот сега е максимално пренасочен кон Ла Лига.
Првите засилувања за новата сезона веќе се откриваат, а покрај Бастони, на листата на желби на Каталонците е и Александер Сорлот, првотимец на Атлетико Мадрид, јавува Матео Морето.
Според наводите, интерес постои и ситуацијата се разгледува, но сè уште нема потврда за официјална понуда ниту за завршна фаза од преговорите.
Во клубот го гледаат како напаѓач со профил сличен на Левандовски, кој би можел брзо да се вклопи во стилот на Ханси Флик.
Искусниот 30-годишен норвешки напаѓач, висок 195 см, има договор со Атлетико до 2028 година.
Оваа сезона постигна 10 голови во Ла Лига и шест во Лигата на шампионите, а против Барселона веќе повеќепати се покажа како многу незгоден противник, што дополнително објаснува зошто неговото име се најде на радарот на клубот.