Фудбал
Милан не е единствениот кој е заинтересиран за Левандовски, во игра уште еден италијански великан!
Роберт Левандовски и Барселона, според сè изгледа, би можеле летово да ја прекинат соработката, со оглед на тоа што на одличниот полски напаѓач му истекува договорот, а големи се шансите кариерата да ја продолжи во Италија.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Милан и Јувентус се во игра за искусниот фудбалер. „Росонерите“ на примерот со Лука Модриќ видоа дека и како ветеран може многу да придонесе, па сакаат да се обидат и со Левандовски, но истото го планира и „Старата дама“.
Полјакот оваа сезона настапи на 39 натпревари, на кои постигна 17 голови и забележа три асистенции.
Во Барселона пристигна во летниот преоден рок во 2022 година од Баерн, во трансфер вреден 45 милиони евра.