Connect with us

Фудбал

Потегот на Перес за кој сите зборуваат, му рекол на еден фудбалер да излезе, па потоа им очитал лекција на играчите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Елиминацијата од Баерн и сезоната без очекуваните резултати доведоа до вжештување на атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид.

Претседателот на клубот, Флорентино Перес, им се обратил на играчите веднаш по поразот, а шпанските медиуми ги пренесуваат неговите директни критики на сметка на тимот.

Критики кон целиот тим

Перес јасно им ставил до знаење на играчите дека резултатите се недозволиви за реномето на клубот, нагласувајќи ја одговорноста што ја носи дресот на Реал:

-Една година без трофеј во Реал Мадрид е неуспех, две се неподносливи. Го ценам вашиот труд вечерва, но сезоната е целосно разочарување. Играњето за Реал Мадрид е привилегија што носи големи обврски. Многумина од вас не ги исполнија. Барем завршете ја лигата достоинствено, порача тој.

Посебен третман за младата ѕвезда

Интересен детал објавија новинарите на порталот Goal, кои тврдат дека Флорентино пред најстрогиот дел од говорот решил да го поштеди младиот Арда Ѓулер.

Причината за тоа не била незадоволство, туку напротив – претседателот наводно бил задоволен од залагањето и играта на Турчинот, па не сакал тој да присуствува на критиките упатени кон остатокот од тимот.

@alvaro18461 Arda guler after match So sad 😞 💔👏 .. .. .. #halamadrid🤍👑 #Ardaguler #realmadridcf #fyp #fouryoupage ♬ оригинальный звук – lllove.smaile

Перес му се обратил со зборовите:

-Арда, ти излези. Немој да слушаш што ќе се каже сега.

Медиумите наведуваат дека се појавила и снимка што го потврдува овој момент во соблекувалната.

Да потсетиме, Баерн го елиминираше Реал Мадрид со вкупен резултат 6:4 и во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ.