Фудбал
Шкендија е нов лидер, барем до утре кога игра Вардар
Фудбалерите на Шкендија избија на првата позиција на табелата откако попладнево го совладаа на негов терен со 4:1. Тетовчани стигнаа до победата благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 3:0. Шкендија со натпревар повеќе е на лидерската позиција со 67 бодови, пред Вардар со 65. Тиквеш остана на петтото место со 40 бодови.
Серијата голови ја отвори Анес Мелиќи во 15.минута, а на 2:0 за гостите стрелец беше капитенот на Шкендија Бесарт Ибраими. Во финишот на првиот дел во 44.минута Лиридон Латифи го постигна третиот гол за Шкендија. На 1:3 на почетокот на вториот дел намали Благој Стојчев, додека конечните 1:4 ги постави Фабрис Тамба во 54.минута.
На првиот дуел одигран денеска од 28.коло Силекс во Кратово ја совлада Брера АП со 4:0.
Утре од 13 часот е дуелот Шкупи – Вардар, додека во 15 часот играат Пелистер – Македонија Ѓорче Петров, а во недела се играат натпреварите: Работнички – Арсими и Башкими – Струга.